Петок 11.03.2022: Променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе има услови и за сосема слабо и локално провејување на снег, а особено Долж Повардарието ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -4 степени, што значи насекаде истите ќе се спуштаат под нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени.
Сабота 12.03.2022: Променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе има услови и за сосема слабо и локално провејување на снег и тоа особено во источните предели. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе засилува на интензитет и тоа особено Долж Повардарието и во источните предели. Минималните температури ќе бидат МНОГУ НИСКИ и насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, додека максималните дневни ќе се искачиваат во интервалот од -3 до 6 степени.
Недела 13.03.2022: Променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -6 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.
Петок 11.03.2022: Променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу -1 и 0 степени.
Сабота 12.03.2022: Променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -10 и -8 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 0 степени.
Недела 13.03.2022: Променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -10 и -9 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 1 и 2 степени.
Петок 11.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу -5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 4 степени.
Сабота 12.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -6 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 3 степени.
Недела 13.03.2022: Променливо облачно и понатаму СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -7 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 4 степени.
Петок 11.03.2022: Променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува и слаб до умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 3 степени.
Сабота 12.03.2022: Променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 4 степени.
Недела 13.03.2022: Променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО студено за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 5 степени.
Временските услови кои што ќе го карактеризираат следниов период овозможуваат извршување на резидбата кај овошните и лозовите насади. При овие температури, папките кај овошките и виновата лоза сеуште се во латентна (заспиена) фаза.
Константните врнежи од дожд и снег поволно влијаат кон заситување на почвите со вода, но од друга страна, на површини со лоша дренажа може да се јави застој на вода кој во комбинација со ладното време може да создаде штети на кореновите системи кај зимските сорти на поледелските култури како што се пченицата и јачменот.