Вторник 15.03.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури сеуште ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -4 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.
Среда 16.03.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден со умерена облачност. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, што значи дека ќе бидат повисоки за разлика од другите утрини. Значително повисоки ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Четврток 17.03.2022: Променливо облачно со појава на локален дожд и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури и тоа поради облачноста ќе бидат повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7 степени, додека максималните ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите два дена и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.
Вторник 15.03.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од западен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -3 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 10 степени.
Среда 16.03.2022: Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 14 степени.
Четврток 17.03.2022: Променливо облачно со услови за локален дожд и снег на планинските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени.
Вторник 15.03.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 11 степени.
Среда 16.03.2022: Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 14 степени.
Четврток 17.03.2022: Променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 11 степени.
Вторник 15.03.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -3 степени, додека максималните дневни ќе бидат повисоки за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.
Среда 16.03.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.
Четврток 17.03.2022: Променливо облачно со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.
Временските услови кои што ќе го карактеризираат периодoт кој следува овозможуваат извршување на резидбата кај овошните и лозовите насади. При овие температури, папките кај овошките и виновата лоза сеуште се во латентна (заспиена) фаза.
Константните врнежи од дожд и снег поволно влијаат кон заситување на почвите со вода, но од друга страна, на површини со лоша дренажа може да се јави застој на вода кој во комбинација со ладното време може да создаде штети на кореновите системи кај зимските сорти на поледелските култури како што се пченицата и јачменот.