Тридневна временска прогноза (10.05.2022)

Тридневна временска прогноза (10.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 10 – 12 мај 2022 година

Вторник 10.05.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во попладневните часови локално ќе има услови за развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10, што значи дека истите ќе бидат без променли, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Среда 11.05.2022: Сончево и ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови локално, и тоа особено во планинските предели ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури и понатаму ќе бидат без промени и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Четврток 12.05.2022: Сончево и УШТЕ ПОТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во попладневните часови во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните температури и понатаму нема да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.