Тридневна временска прогноза (14.05.2022)

Тридневна временска прогноза (14.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 14 – 16 мај 2022 година

Сабота 14.05.2022: Сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално е можна појава на НЕВРЕМЕ проследено со силен ветер и со појава на град. Минималните температури ќе бидат нешто повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени, додека во најтоплите предели истите можно е да се искачат и малку над 30 степени.

Недела 15.05.2022: Сончево и ТОПЛО со умерена облачност. Попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 15 степени, што значи истите дека ќе бидат се повисоки, а максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени.

Понеделник 16.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и ретка појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните ќе бидат повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.