Одржан „Climate Smart Food Digital“ самитот за иновативни стратегии за одржливи системи за храна
Во септември 2023 година се одржа трето издание на Climate Smart Food Digital Summit, организиран од страна на Food Navigator Europe. За време на самитот, експертите разговараа на различни теми поврзани со одржливо произведената храна и намалување на емисиите на стакленички гасови. Самитот ја истакна важноста од инкорпорирање на климатски стратегии во донесувањето одлуки поради значителниот ризик од климатските промени за прехранбениот сектор.
Експертите ги демонстрираа своите нови и иновативни методи со кои ќе се обидат да ги направат системите за храна со намалени емисии на стакленички гасови. Самитот ја нагласи врската помеѓу храната, здравјето, биодиверзитетот и климата. Темите разгледани на самитот опфатија широк опсег – од одржливи извори на храна, преку намалување на отпадот од храна, пластика и пакување, па сѐ до технологија на храна и безбедност на храната.
Проектот CITIES2030, исто така фокусиран на горенаведените идеи и начини за справување со системите на храна , има за цел да создаде заеднички стабилни и одржливи системи за храна во согласност со FOOD2030, создавајќи урбани системи за храна и екосистеми адаптирани на претстојните предизвици каде централно место ќе има човекот.
Проектот CIITES2030 ќе ги обедини истражувачите, претприемачите, лидерите на граѓанското општество и сите чинители на урбаните системи за храна и екосистемите, кои заедно ќе работат во насока на трансформација и преструктуирање на начинот на производство, транспорт, снабдување, рециклирање и повторна употреба на храната во 21 век.
Проектот CITIES2030 со траење од четири години (2020-2024) e финансиран од Европската Унија преку програмата за истражување и иновации Хoризонт 2020. Конзорциумот на проектот CITIES2030 е составен од 41 партнер од 19 европски земји, а дел од партнерите се и македонската компанија АгФутура Технологии, како и македонското здружение Платформа за зелен развој.
Автор: Јована Милосављева
Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.