Тридневна временска прогноза (14.05.2021)

Тридневна временска прогноза (14.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  14 – 16 мај 2021 година

Петок 14.05.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд а ќе дува и умерен, повремено на некои места засилен ветер од југозападен и западен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Сабота 15.05.2021: Претежно облачно со повремени врнежи од дожд на повеќе места. Попладне ќе има услови за локална нестабилност проследена со грмежи, а ќе дува и умерен ветер од јужен правец кој повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

 

Недела 16.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 20 до 27 степени.