Тридневна временска прогноза (19.05.2021)

Тридневна временска прогноза (19.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  19 – 21 мај 2021 година

Среда 19.05.2021: Сончево, додека попладне и кон крајот на денот облачноста локално ќе се зголемува и ќе има услови за локален краткотраен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен и од западен правец, и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Четврток 20.05.2021: Променливо облачно и посвежо со услови за повремен локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

 

Петок 21.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди како и со засилен северен ветер. Во источните и во североисточните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Минималните температурите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.