Понеделник 21.06.2021: Претпладне сончево и топло со умерена локална облачност. Од пладневните часови на повеќе места ќе се развива нестабилна облачност која ќе биде проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. Температурите поради почеток на продор на МНОГУ ТОПЛА воздушна маса која е со потекло од северните предели на Африка ќе бидат во пораст и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент некаде измеѓу 10 и 11.
Вторник 22.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Попладне локално и тоа особено во планинските региони ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и тоа поради влијанието на многу топлата воздушна маса од југ (северните предели на Африка).Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност ( коефициент од 10 до 11).
Среда 23.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени.
Понеделник 21.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се спушти до околу 14 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 33 степени.
Вторник 22.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Минималната температура ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 35 степени.
Среда 23.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО. Минималната температура ќе се спушти до околу 17 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 37 степени.

Понеделник 21.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Од пладневните часови нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 31 степен.
Вторник 22.06.2021: Сончево со мала локална облачност. Попладне мали се условите за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 34 степени.
Среда 23.06.2021: Сончево и многу топло. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 36 степени.
Зголемените дневни температури можат негативно да влијаат врз евапотранспирацијата на градинарските култури на отворено.
Наводнувањето треба да се извршува со посебно внимание бидејќи ќе имаме високи температури, засилен ветер и на некои места дожд од што ќе произлезат две сценарија. Едното е брзо сушење на почвата и зголемена транспирација на растенијата што може негативно да се одрази врз прогресот на градинарските култури, додека пак другото сценарио е извршено наводнување пропратено со не очекуван дожд и поттик за интензивен развој на патогени.