Среда 30.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе започне да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од југозападен правец. Попладне, особено во источните предели ќе има услови за локлана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Температурите и тоа поради задржувањето на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од југ, остануваат МНОГУ ВИСОКИ. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 41 степен. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Четврток 01.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за сосема ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер претежно од западен правец и локално истиот повремено ќе засилува. Температурите поради задржување на многу топлата воздушна маса од југ и понатаму ќе останат МНОГУ ВИСОКИ. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 40 степени. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Петок 02.07.2021: Сончево и ТОПЛО со умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурите на воздухот ќе бидат за неколку степени пониски. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност ( коефициент помеѓу 10 и 11).
Среда 30.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец, особено попладне. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 16 и 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 36 и 38 степени.
Четврток 01.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од западен правец кој повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 37 степени.
Петок 02.07.2021: Сончево и ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 15 и 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 34 степени.
Среда 30.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од југозападен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер а ќе има услови и за локална појава на град. Минималната температура ќе се спушти до околу 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 38 степени.
Четврток 01.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до околу 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 38 степени.
Петок 02.07.2021: Сончево и ТОПЛО со умерен локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец кој повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до околу 17 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 35 степени.
Среда 30.06.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од променлив правец. Попладне локално ќе има услови за нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 34 до 38 степени.
Четврток 01.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 37 степени.
Петок 02.07.2021: Сончево и ТОПЛО со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 17 степени, додека максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 33 степени.
Зголемените дневни температури можат негативно да влијаат врз евапотранспирацијата на градинарските култури на отворено.
Наводнувањето треба да се извршува со посебно внимание бидејќи ќе имаме високи температури, засилен ветер и на некои места дожд од што ќе произлезат две сценарија. Едното е брзо сушење на почвата и зголемена транспирација на растенијата што може негативно да се одрази врз прогресот на градинарските култури, додека пак другото сценарио е извршено наводнување пропратено со не очекуван дожд и поттик за интензивен развој на патогени.
Потребна е евалуација на штетите причинети од град и доколку е возможно треба да се интервенира во процесот на опоравување на растенијата и дрвјата,
Голем процент од есенските житарици се спремни за жетва, макотрпна и долготрајна операција, апелираме да внимавате на сопственото здравје поради високите температури и зголемениот УВ индекс.