Понеделник 12.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и тоа особено попладне кога ќе има услови за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе започнат да бележат тенденција на пораст и тоа поради влијанието на новиот топлотен бран од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Вторник 13.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од порменлив правец. Температурите ќе бидат значително повисоки и тоа под влијание на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса која продира од југ. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 39 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент од 10 до 11).
Среда 14.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО, попладне со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Темперратурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималната ќе се искачи во интервалот од 33 до 40 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).
Понеделник 12.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, особено попладне кога ќе има услови за ретка појава на краткотраен локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 15 и 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 29 степени.
Вторник 13.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 16 и 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 32 и 33 степени.
Среда 14.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 17 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 34 и 35 степени.
Понеделник 12.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и тоа особено попладне. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 17 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 33 степени.
Вторник 13.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 35 степени/
Среда 14.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 19 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 37 степени.
Понеделник 12.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена облачност и тоа особено попладне. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 33 степени.
Вторник 13.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО. ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 35 степени.
Среда 14.07.2021: Сончево и МНОГУ ТОПЛО. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 20, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 33 до 38 степени.
Повторно зголемување на дневните температури – Обратете поголемо внимание при наводнување на вашите култури. Користењето на мрежи за сенка може да го зачуваат квалитетот на вашите плодови.
Поради високиот УВ индекс апел до сите земјоделци да водат грижа за своето здравје за време на работа !