Зголемена употреба на био-базирани ѓубрива за одржливо и еколошко земјоделство

Зголемена употреба на био-базирани ѓубрива за одржливо и еколошко земјоделство

 

Постојаната промена во земјоделството, барањето за одржливи и еколошки практики предизвика појава на био-базирани ѓубрива. Потрошувачите се сѐ повеќе информирани за негативните влијанија на хемиските ѓубрива и пестицидите врз животната средина и своето здравје, што ги поттикнува да изберат органски производи. Затоа, побарувачката за био-базирани ѓубрива се зголемува, а со тоа и бројот на земјоделци кои се определуваат за органско земјоделство.

Био базираните ѓубрива добиени од органски извори како од растителен така и од животински отпад, обновливи материјали, имаат за цел да обезбедат неопходни хранливи материи за растенијата, истовремено намалувајќи ги негативните влијанија на здравјето на почвата и екосистемот.

Истражувањето на пазарните трендови покажува дека фактори како зголемената грижа за животната средина, владини регулативи за одржливото земјоделство и зголемено барање за органска храна допринесуваат кон позитивните перспективи на овој сектор. Региони како Северна Америка, Европа и Азиско-Пацифскиот регион имаат значителен раст, поддржан од регулативни рамки и иницијативи кои ја поддржуваат органската земјоделска практика.

Био-базираните ѓубрива се категоризираат врз основа на нивните специфични функции во навлегувањето на хранливите материи од растенијата и подобрувањето на почвата.

Ѓубривата за фиксирање на азот се добиени од бактерии кои го претвораат атмосферскиот азот во форма што растенијата можат да ја користат. Ѓубривата што раствораат фосфати содржат микроорганизми кои го разградуваат нерастворливиот фосфор во почвата, што го прави достапен за растенијата. Ѓубрива што мобилизираат калиум содржат корисни бактерии кои ослободуваат калиум од почвата, помагајќи во растот на растенијата.

Пазарот на био-базирани ѓубрива наоѓа примена во различни сектори како што се житарици и житарки, овошје и зеленчук и други. Био-базирани ѓубрива се користат во одгледувањето житни култури и житарки за да се подобри нивниот раст и принос.

Б-Ферст проектот, финансиран од страна на ЕУ, претставува иновација во решавањето на предизвиците на современото земјоделство. Преку интеграција на валоризацијата на био-отпад во практиките на земјоделство, овој проект создава нов пристап кон одржливо и еколошки одговорно земјоделство.

Приоритетите на проектот Б-Ферст вклучуваат:

  • Валоризација на недоволно експлоатираниот био-отпад за одржливо земјоделско управување.
  • Развој на осум нови производи за широка потрошувачка на зелени ѓубрива кои се достапни по конкурентни цени.
  • Намалување на зависноста од суровините преку замена на 15-40% со биолошки отпад.
  • Подобрување на одржливоста и управувањето на вештачките ѓубрива во земјоделството.
  • Намалување на потрошувачката на вода, енергија и јаглерод за 10%.
  • Дефинирање на упатства за сертификација и стандарди за квалитет на ниво на ЕУ.
  • Подобрување на економската состојба на земјоделците преку развој на прилагодени хранливи материи.

Проектот Б-Ферст претставува значителен напор во промовирањето на одржливо земјоделство и развојот на био-базирани ѓубрива, што допринесува кон заштита на животната средина и одржлив раст на земјоделската индустрија.

За повеќе информации за проектот посетете го официјалниот вебсајт https://bferst.eu/

 

Автор: Јована Милосављева

Законски е забрането неовластено преземање на содржини од МојаФарма.мк без наведување на извор на информацијата, цитат и пренесување на линк до оригиналната страница. МојаФарма.мк може да покрене соодветна постапка за заштита на своите права пред надлежен орган.

 

Категории: Вести, Слајдер