Тридневна временска прогноза (10.05.2021)

Тридневна временска прогноза (10.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  10 – 12 мај 2021 година

Понеделник 10.05.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени.

Вторник 11.05.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност, особено попладне кога во планинските региони ќе има  услови за локален краткотраен дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.

 

Среда 12.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне локално ќе биде нестабилно со дожд и услови за окална појава на грмежи. Ќе започне да дува умерен, повремено на некои места засилен ветер, и тоа Долж Повардарието од југоисточен, додека во останатите места од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.