Тридневна временска прогноза (17.05.2022)

Тридневна временска прогноза (17.05.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 17 – 19 мај 2022 година

Вторник 17.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и во вечерните часови, локално и тоа особено во северната половина од државава ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, што значи дека истите ќе бидат уште повисоки.

Среда 18.05.2022: Променливо облачно и ПОСВЕЖО со засилен ветер од северен правец и со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, и тоа особено во попладневните часови. Минималните температури ќе бидат малку повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе бележат тендсенција на пад за околу 6 степени, понекаде и за повеќе и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 28 степени.

Четврток 19.05.2022: Сончево и уште малку посвежо со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ за разлика од оние кои ги имавме досега, и истите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.

Вторник 17.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и навечер има помали услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 11 и 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28  и 29 степени.

Среда 18.05.2022: Променливо облачно и ПОСВЕЖО со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Ќе има и помали услови за повремен локален дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 12 и 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 22 степени.

Четврток 19.05.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 4 и 5 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 18 степени.