Тридневна временска прогноза (03.06.2021)

Тридневна временска прогноза (03.06.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  3 – 5 јуни 2021 година

Четврток 03.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Попладне, особено во планинските предели на запад ќе има услови за локален краткотраен дожд. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.

Петок 04.06.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.

 

Сабота 05.06.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 29 степени.

Четврток 03.06.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 7 и 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 21 степен.

Петок 04.06.2021: Сончево со мала локална облачност. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 7 и 9 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 21 степен.

Сабота 05.06.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 7 и 9 степени, додека максималната ќе се искачува до околу 24 степени.