Вторник 25.01.2022: Сончево и МНОГУ СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец, особено изразен Долж Повардарието. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -17 до -6 степени, додека истите понекаде, особено во планинските региони се очекува да се спуштат до околу -20 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -6 до 3 степени во крајните југоисточни најтопли предели од државава.
Среда 26.01.2022: Сончево и МНОГУ СТУДЕНО, особено наутро и со умерена облачност, особено во северните и во североисточните предели. Во крајните североисточни предели ќе има услови за слабо провејување на снег. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Наутро температурите и понатаму ќе бидат ИСКЛУЧИТЕЛНО НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -4 степени, додека максималните дневни ќе бидат малку повисоки и ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.
Четврток 27.01.2022: Сончево и потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Особено Долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека максималните дневни ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО повисоки за разлика од изминатите денови и истите ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 степени.
Вторник 25.01.2022: Сончево и МНОГУ СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -14 и -13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу -4 и -3 степени.
Среда 26.01.2022: Сончево и МНОГУ СТУДЕНО со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -12 и -11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 0 и 2 степени.
Четврток 27.01.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 1 и 2 степени.
Вторник 25.01.2022: Сончево и СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -10 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 1 степен.
Среда 26.01.2022: Сончево и СТУДЕНО со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -8 степени, додека максималната ќе биде малку повисока и ќе се искачи до околу 5 степени.
Четврток 27.01.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу -5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 5 степени.
Вторник 25.01.2022: Сончево и МНОГУ СТУДЕНО со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено и локално засилен ветер од северен и од северозападен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -6 до -1 степен.
Среда 26.01.2022: Сончево и МНОГУ СТУДЕНО и со умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од северозападен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -15 до -8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 3 степени.
Четврток 27.01.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен ветер од северен и од северозападен правец. Ветерот повремено и локално ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -6 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 4 степени.