Петок 25.03.2022: Сончево и ТОПЛО преку ден. Особено Долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Наутро температурите сеуште понекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните ќе бидат навистина ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.
Сабота 26.03.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе бидат значително повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степен.
Недела 27.03.2022: Сончево и ТОПЛО со мала, а во текот на денот повремено и позначителна облачност. Во текот на ноќта ќе има услови за локални врнежи од дожд, а ќе дува и слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат навистина ПРОЛЕТЕНИ и тоа дневните, додека минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 22 степени.
Петок 25.03.2022: Сончево и ТОПЛО преку ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 16 степени.
Сабота 26.03.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 17 степени.
Недела 27.03.2022: Сончево со мала, а во текот на денот локално и поголема облачност, додека во текот ан ноќта ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 2 и 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 17 и 18 степени.
Петок 25.03.2022: Сончево и ТОПЛО преку ден. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 18 степени.
Сабота 26.03.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 16 степени.
Недела 27.03.2022: Сончево со мала, а во текот на денот локално и поголема облачност. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 19 степени.
Петок 25.03.2022: Сончево и ТОПЛО преку ден. Ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 15 и 18 степени.
Сабота 26.03.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 18 степени.
Недела 27.03.2022: Сончево со мала, а во текот на денот локално и поголема облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 20 степени.