Проектот Полирурал со македонските партнери ќе работи на реформи во политиките за рурален разој со поддршка на ЕУ

Проектот Полирурал со македонските партнери ќе работи на реформи во политиките за рурален разој со поддршка на ЕУ

 

Руралните области се под голем притисок. И покрај тоа што во руралните области живее повеќе од една четвртина од населението во Европа и што обезбедуваат повеќе од една петтина од сите работни места во ЕУ, старомодната слика за рурална идила навидум веќе не е валидна. Во текот на изминатите дваесет и пет години, руралните региони доживеаја брзо намалување на популацијата, бидејќи луѓето, особено младите, мигрираа во градовите привлечени од подобро платени работни места, модерни поволни домови и повозбудлив начин на живот.

За справување со овие предизвици активен е Полирурал проектот (2019-2022) насловен „Колаборативна политика за рурален развој”, финансиран од Европската Унија преку програмата за истражување и иновации Х2020.

Клучната цел на Полирурал проектот е да поттикне развој на руралната политика, да понуди сигурно и транспарентно решение за руралниот развој преку вклучување на сите засегнати страни (земјоделци, експерти, носители на одлуки) во насока на креирање попривлечни и подостапни руралните области за постојното население и потенцијалното ново рурално население.

Полирурал има за цел да обезбеди инклузивно опкружување за размена на знаења и искуства каде руралното население, истражувачите и креаторите на политики се здружуваат за решавање на заедничките проблеми. Преку квалитативни и квантитативни пристапи на истражување проектот ќе обезбеди евалуација на ефективноста на постојните мерки и политики за рурален развој и ќе понуди иновативни предлози за стимулација на руралната политика со изработка на студија за предвидување која ќе ја инкорпорира развојната траекторија на земјоделството и останатите поврзани сектори до 2040 година, користејќи различни сценарија во кои еволуцијата на руралното население зазема централно место. Врз основа на овие активности од Полирирал ќе произлезат препораки кои ќе им овозможат на носителите на одлуки на различни нивоа да бидат подготвени за справување со постојните и идните предизвици во однос на развојот на руралните средини.

АгФутура Технологии како пилот-лидер заедно со организацијата Платформа за зелен развој, како пилот-партнер, ги реализираат проектните активности во Северна Македонија, во регионот на Гевгелија и Струмица, како еден од вкупно 11 пилот региони од Европа вклучени во проектот Полирурал.

За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна на Полирурал проектот: https://polirural.eu/.

За повеќе информации за активностите и резултатите на Пилотот 11, регион Гевгелија-Струмица, во Северна Македонија, посетете ја официјалната веб страна на пилотот: https://hub.polirural.eu/gevgelija-strumica-north-macedonia.

Категории: Вести, Зелен развој