Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат пониски, особено наутро и тоа поради влијанието на свежата воздушна маса од север. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 15 степени во најтоплите предели, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд. Температурите и понатаму нема многу да се менуваат, па така минималните ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 30 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
Недела 05.09.2021: Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето ќе биде променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд и локална појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Локално се можни ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси и застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Температурите ќе бидат уште пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 17 степени во најтоплите предели, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени. Вредноста на УВ ИНДЕКСОТ ќе биде НИСКА.
Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 8 и 9 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 27 степени.
Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 25 и 27 степени.
Недела 05.09.2021: Променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 13 и 14 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 20 степени.
Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 11 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 28 степени.
Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 11 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 28 степени.
Недела 05.09.2021: Променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Минималната температура ќе се спушти до околу 14 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 23 степени.
Петок 03.09.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 27 степени.
Сабота 04.09.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 28 степени.
Недела 05.09.2021: Променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороен дожд и грмежи, како и со засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за локално ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 24 степени.
Паднатата количина на дожд може да создаде поволни услови и да го забрзаат процесот на развивање на бактериски и габни инфекции. Препорачливо е да се обрне поголемо внимание врз посевите на отворено, но и во затворен простор.
Температурите имаат тенденција на опаѓање, може да се забележи успорен раст кај одредени култури.