Тридневна временска прогноза (04.12.2021)

Тридневна временска прогноза (04.12.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 4 – 6 декември 2021 година

Сабота 04.12.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Ќе има услови и за слаби локални врнежи од дожд, на планините од снег. Температурите ќе бидат малку пониски и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Недела 05.12.2021: Променливо облачно со умерен, а во вечерните часови и во текот на ноќта кон понеделник повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Доцна попладне и навечер од запад ќе се прошируваат врнежи од дожд, додека на високите планини ќе има услови за врнежи од снег.  Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 14 степени.

Понеделник 06.12.2021: Облачно со врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Локално ќе има ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено на некои места ќе засилува на интензитет.  Наутро температурите ќе бидат повисоки и тоа поради облачноста, и истите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Сабота 04.12.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Мали се условите за сосема слаб локален дожд, на планините од снег. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 7 степени.

Недела 05.12.2021: Променливо облачно со умерен, а во вечерните и ноќните часови повремено засилен ветер од јужен правец. Доцна попладне и навечер ќе има повремени врнежи од дожд. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 1 и 2 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 11 степени.

Понеделник 06.12.2021: Облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 9 степени.