Тридневна временска прогноза (10.03.2022)

Тридневна временска прогноза (10.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 10 – 12 март 2022 година

 

Четврток 10.03.2022:  Променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има и повремени локални послаби врнежи претежно од снег. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 9 степени во најтоплите предели од државава.

Петок 11.03.2022: Променливо облачно и НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе има услови и за сосема слабо и локално провејување на снег, а особено Долж Повардарието ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -4 степени, што значи насекаде истите ќе се спуштаат под нулата, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.

Сабота 12.03.2022: Променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе има услови и за сосема слабо и локално провејување на снег и тоа особено во источните предели. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе засилува на интензитет и тоа особено Долж Повардарието и во источните предели. Минималните температури ќе бидат МНОГУ НИСКИ и насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.