Тридневна временска прогноза (10.07.2021)

Тридневна временска прогноза (10.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 10 – 12 јули 2021 година

 

Сабота 10.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и навечер на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите за разлика од изминатите денови ќе бележат тенденција на мал пад и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

Недела 11.07.2021: Претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне и навечер ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен. Локално ќе има услови за појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе останат нешто пониски за разлика од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Понеделник 12.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите поради повторен продор на топол воздух од југ ќе бележат тенденција на пораст. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.