Понеделник 16.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Попладне во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштат во интервалот од 7 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен, што значи дека истите остануваат многу високи.
Вторник 17.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и во вечерните часови, локално и тоа особено во северната половина од државава ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а има услови и за локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 14 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени, што значи дека истите ќе бидат уште повисоки.
Среда 18.05.2022: Променливо облачно и ПОСВЕЖО со засилен ветер од северен правец и со услови за повремен локален дожд и ретки грмежи, и тоа особено во попладневните часови. Минималните температури ќе бидат малку повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе бележат тендсенција на пад за околу 6 степени, понекаде и за повеќе и ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 27 степени.
Понеделник 16.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 26 степени.
Вторник 17.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и навечер има помали услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 11 и 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 28 и 29 степени.
Среда 18.05.2022: Променливо облачно и ПОСВЕЖО со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Ќе има и помали услови за повремен локален дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 12 и 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 20 и 22 степени.
Понеделник 16.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 10 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 30 степени.
Вторник 17.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и навечер ќе има помали услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до околу 11 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 31 степен.
Среда 18.05.2022: Променливо облачно и ПОСВЕЖО со подолги сончеви периоди. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец, Минималната температура ќе се спушти до околу 13 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 25 степени.
Понеделник 16.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 28 степени.
Вторник 17.05.2022: Сончево и МНОГУ ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Кон крајот на денот и навечер ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 30 степени.
Среда 18.05.2022: Променливо облачно и ПОСВЕЖО со сончеви периоди и со засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен локален дожд и ретки грмежи, но условите за ваквата појава се помали. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 24 степени.