Сабота 16.10.2021: Променливо облачно и потопло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Ветерот и тоа особено Долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет, а ќе има услови и за локален краткотраен слаб дожд, особено претпладне. Температурите ќе бидат нешто повисоки за разлика од изминатите денови, и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16 степени.
Недела 17.10.2021: Променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени.
Понеделник 18.10.2021: Сончево и релативно ТОПЛО со умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе бидат уште повисоки за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.
Сабота 16.10.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 4 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 11 степени.
Недела 17.10.2021: Променливо облачно и потопло со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 4 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 12 степени.
Понеделник 18.10.2021: Сончево и релативно топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 15 степени.
Сабота 16.10.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 14 степени.
Недела 17.10.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 15 степени.
Понеделник 18.10.2021: Сончево и релативно топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 17 степени.
Сабота 16.10.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 12 степени.
Недела 17.10.2021: Променливо облачно и потопло со слаб до умерен ветер од северн и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 13 степени.
Понеделник 18.10.2021: Сончево и релативно топло со умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 15 степени.
Активностите на отворено се одложени поради временските услови. Количината на паднатиот дожд многу позитивно ќе влијае врз растворувањето на минералните ѓубрива и ќе овозможи добар старт на житариците кои што ќе се сејат.