Понеделник 17.01.2022 Сончево со мала, а во западните делови со умерена, повремено и значителна облачност, каде ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд на ниските и провејување на снег на повисоките места и на планините. Во текот на ноќта и во северните предели ќе има услови за локално провејување на снег, а на ниските места ќе има услови за локално проврнување на дожд и на снег. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Наутро температурите и понатаму ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени, што значи дека ќе бидат нешто повисоки за разлика од изминатите денови.
Вторник 18.01.2022: Сончево со мала, а во северните предели со умерена облачност, каде особено претпладне ќе има услови за локално провејување на снег. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието ЗАСИЛЕН ветер од северен правец. Температурите ќе бидат малку пониски, особено максималните. Минималните пак ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.
Среда 19.01.2022: Сончево а особено Долж Повардарието со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе бидат ниски и истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -1 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Понеделник 17.01.2022 Сончево со умерена а локално и повремено и позначителна облачност. Ќе има услови и за локални слаби врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и од западен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -5 и -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени.
Вторник 18.01.2022: Сончево со мала локална облачност и со умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -4 и -3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 3 степени.
Среда 19.01.2022: Сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -7 степени, додека максималната ќе се искачува во интервалот помеѓу 2 и 3 степени.
Понеделник 17.01.2022 Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу -3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 7 степени.
Вторник 18.01.2022: Сончево со мала облачност и со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 5 степени.
Среда 19.01.2022: Сончево со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 4 степени.
Понеделник 17.01.2022 Сончево со мала до умерена локална облачност и со умерен, повремено и локално засилен ветер од северозападен правец. Во текот на ноќта локално ќе има повеќе облачност и ќе има услови за локално провејување на снег, додека на ниските места ќе има услови за проврнување на дожд и на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени.
Вторник 18.01.2022: Сончево со умерена локална облачност а особено претпладне ќе има услови за локално и сосема слабо провејување на снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 4 степени.
Среда 19.01.2022: Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 3 степени.