Тридневна временска прогноза (18.03.2022)

Тридневна временска прогноза (18.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 18 – 20 март 2022 година

 

Петок 18.03.2022: Променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со услови за локални послаби врнежи од дожд и снег на ниските, и само од снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -5 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени и ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Сабота 19.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со услови за локално провејување на снег, особено во јужните предели. Во југоисточните предели пак ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени.

Недела 20.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со сончеви периоди и со умерен, повремено на некои места засилен ветер од североисточен правец. Особено во јужните предели ќе има услови за сосема слабо и локално провејување на снег. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.