Тридневна временска прогноза (18.05.2021)

Тридневна временска прогноза (18.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  18 – 20 мај 2021 година

Вторник 18.05.2021: Сончево со умерена локална облачност. Во претпладневните часови во западните предели ќе има услови за ретка појава на слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од западен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.

Среда 19.05.2021: Сончево, додека попладне и кон крајот на денот облачноста локално ќе се зголемува и ќе има услови за локален краткотраен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен и од западен правец, и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

 

Четврток 20.05.2021: Променливо облачно и посвежо со услови за повремен локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени.

Вторник 18.05.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер, претежно од западен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштат до околу 11 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 22 степени.

Среда 19.05.2021: Сончево, попладне со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и од западен правец, и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат помеѓу 7 и 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат помеѓу 22 и 23 степени.

 

Четврток 20.05.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Ќе има услови и за повремен локален дожд, додека минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 8 и 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 20 степени.