Среда 19.01.2022: Сончево а особено Долж Повардарието со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Наутро температурите ќе бидат ниски и истите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Четврток 20.01.2022: Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови од запад облачноста ќе се зголемува, и во западните предели особено навечер и во текот на ноќта кон петок ќе има повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, и истиот особено во западните предели ќе засилува на интензитет. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Петок 21.01.2022: Под влијание на влажен и студен воздушен бран времето ќе биде облачно и СТУДЕНО со врнежи од снег. Поинтензивни врнежи ќе има во западните предели, каде снежна покривка ќе се формира и на пониските места, а на планините истата ќе се зголемува. Тенка снежна покривка ќе се формира и во останатите места. Ќе дува умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на значително опаѓање, особено максималните. Минималните пак ќе бидат малку повисоки и тоа поради облачноста и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 5 степени во најтоплите предели.
Среда 19.01.2022: Сончево со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -7 степени, додека максималната ќе се искачува во интервалот помеѓу 2 и 3 степени.
Четврток 20.01.2022: Сончево со мала до умерена облачност, попладне и навечер облачноста ќе се зголемува и особено во доцните вечерни часови и во текот на ноќта кон петок ќе има услови за повремени врнежи претежно од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -6 и -5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 5 и 6 степени.
Петок 21.01.2022: Облачно и студено со врнежи од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -4 и -3 степени, додека максималните ќе се искачат до околу -2 степени.
Среда 19.01.2022: Сончево со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 4 степени.
Четврток 20.01.2022: Сончево со слаб до умерен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени, додека максималната температура ќе се искачи до околу 6 степени.
Петок 21.01.2022: Облачно и студено со услови за послаби врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -3 степени, додека максималната ќе се искачи до само околу 4 степени.
Среда 19.01.2022: Сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 2 и 3 степени.
Четврток 20.01.2022: Претежно сончево со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 5 степени.
Петок 21.01.2022: Облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 2 степени.