Тридневна временска прогноза (21.03.2022)

Тридневна временска прогноза (21.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 21 – 23 март 2022 година

 

Понеделник 21.03.2022:  Сончево и релативно СТУДЕНО, попладне со умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 13 степени во најтоплите предели од државава.

Вторник 22.03.2022: Сончево со умерена, повремено и локално и позначителна облачност. Ќе има услови и за сосема слаби и локални врнежи од дожд и снег на планините. Ќе биде и доста ветровито, односно ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури и понатаму насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 15 степени во најтоплите предели.

Среда 23.03.2022: Сончево со мала локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури и понатаму ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени.