Тридневна временска прогноза (21.05.2021)

Тридневна временска прогноза (21.05.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија,  21 – 23 мај 2021 година

Петок 21.05.2021: Променливо облачно со сончеви периоди како и со засилен северен ветер. Во источните и во североисточните предели ќе има услови за слаб локален дожд. Минималните температурите ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 12 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени.

Сабота 22.05.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

 

Недела 23.05.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец. Ветерот во западните предели повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.