Среда 21.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и на истокот повремено засилен ветер од северен правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).
Четврток 22.07.2021: Сончево и топло. Особено Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите нема многу да се менуваат за разлика од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).
Петок 23.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен и од северозападен правец. Температурите нема да се менуваат и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 20 степени во најтоплите предели, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).
Среда 21.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност и со умерен северен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 29 степени.
Четврток 22.07.2021: Сончево и топло. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 13 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 26 и 27 степени.
Петок 23.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 12 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 28 степени.
Среда 21.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до околу 19 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Четврток 22.07.2021: Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 14 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 31 степен.
Петок 23.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 31 степен.
Среда 21.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец и истиот повремено и локално ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 29 степени.
Четврток 22.07.2021: Сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 29 степени.
Петок 23.07.2021: Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 9 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 31 степен.
Поројните дождови кои што го карактеризираат овој период во принцип се краткотрајни, но со појак интензитет кој може сериозно да ја наруши структурата на почвата. Од голема важност е имплементацијата на системи за дренажа кои што можат да го спречат овој процес како и задржувањето на поголема количина на вода. Овие системи пред се треба да се функционални и не е важно дали ќе бидат обични бразди за одвод на вода или пак специјално вградени подземни цевки.
Поради високиот УВ индекс апел до сите земјоделци да водат грижа за своето здравје за време на работа !