Вторник 26.10.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурите и тоа особено наутро ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.
Среда 27.10.2021: Претежно облачно со услови за слаб локален дожд, претежно во северните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени, што значи дека истите ќе бидат без поголеми промени.
Четврток 28.10.2021: Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Кон крајот на денот локално ќе има позначителна облачност. Температурите ќе бидат без поголеми промени и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени.
Вторник 26.10.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 0 и 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат помеѓу 13 и 14 степени.
Среда 27.10.2021: Претежно облачно со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 14 степени.
Четврток 28.10.2021: Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 1 степен, додека максималните ќе се искачат до околу 12 степени.
Вторник 26.10.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 14 степени.
Среда 27.10.2021: Претежно облачно со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 16 степени.
Четврток 28.10.2021: Сончево со умерена облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 14 степени.
Вторник 26.10.2021: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 15 степени.
Среда 27.10.2021: Претежно облачно со услови за сосема слаб и локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 15 степени.
Четврток 28.10.2021: Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 12 и 14 степени.
Количината на паднатиот дожд многу позитивно ќе влијае врз растворувањето на минералните ѓубрива и ќе овозможи добар старт на житариците кои што ќе се сејат.
Топлата воздушна маса и умерениот ветер на некои места ќе придонесе кон сушење на површинскиот слој од почвата, што ќе создаде оптимални услови за нејзина обработка.
Производниот оптимум за пченицата се движи од 6 до 12 степени целзиусови, сличен на температурите што не очекуваат.
Во текот на ноќта температурите ќе паднат под нулата, препорачливо е собирање на сите останати градинарски и овошни плодови кои се присутни на полињата