Среда 28.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и топло. Попладне ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, а ќе дува и слаб до умерен, во западните предели повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.
Четврток 29.04.2021: Сончево и топло со мала до умерена, во текот на денот локално и позначителна облачност. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во источните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер од јуженм и од југозападен правец, кој особено на западот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 11 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.
Петок 30.04.2021: Сончево и значително потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од југозападен правец кој повремено на некои места ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Среда 28.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец кој повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат помеѓу 7 и 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 21 и 22 степени.
Четврток 29.04.2021: Сончево со мала, во текот на денот локално и со позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 и 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 24 и 26 степени.
Петок 30.04.2021: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен југозападен ветер кој повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 11 степени, максималните ќе се искачуваат некаде помеѓу 26 и 27 степени.
Среда 28.04.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 8, максималната ќе се искачи до околу 22 степени.
Четврток 29.04.2021: Сончево со мала, во текот на денот и со нешто поголема облачност. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 9 степени, максималната пак ќе се искачи до околу 26 степени.
Петок 30.04.2021: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 10 степени, максималната ќе се искачи до околу 28 степени.
Среда 28.04.2021: Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне локално ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 9 степени. Максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 22 степени.
Четврток 29.04.2021: Сончево и топло со мала, во текот на денот локално и со позначителна облачност. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, додека минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени.
Петок 30.04.2021: Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 10 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.
Периодот со врнежливо и влажно време поволно влијаеше на развојот на разни патогени во скоро сите потсектори. Во услови на локални врнежи, постои можност од поинтензивно ширење на болести доколку не се преземени агротехнички операции во областа на заштитата.
Појавата на штетници може да биде зголемена и поради повисоките температури нивната активност да е поинтензивна, со тоа и штетите што ги причинуваат.