Може ли шпанското земјоделство да ја преживее зголемената суша?

Може ли шпанското земјоделство да ја преживее зголемената суша?

 

Европејците ги обожуваат шпанските производи. Побарувачката за одредени шпански земјоделски производи во земјите од ЕУ е константно голема. Но, одгледувањето на монокултури ја оштетува почвата. И додека Германците особено се грижат за климата и заштитата на животната средина кога се во прашање предизборни ветувања, дали нивната грижа се протега дотаму да се запрашаат како влијаат со нивните потрошувачки апетити врз Шпанија и шпанското земјоделство?

Погодени од климатските промени, шпанските земјоделци апелираат ЕУ што побрзо да имплементира закони кои ќе поттикнуваат поодржливи мерки, со цел да се штеди водата, да се намалат емисиите на стакленички гасови и општо да се подигне шпанското земјоделство на повисоко ниво. Особено се става акцент на проблемот со сушата, чии последици сѐ повеќе ги чувствува шпанскиот земјоделец.

Да го погледнеме ова кусо видео, каде што шпанските земјоделци ги објаснуваат предизвиците со кои се соочуваат во моментот, но апелираат и на итно изнаоѓање на одржливи решенија за истите.

 

Категории: Зелен развој