Тридневна временска прогноза (12.11.2021)

Тридневна временска прогноза (12.11.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 12 – 14 ноември 2021 година

Петок 12.11.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко, додека во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.  Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 14 степени.

Сабота 13.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец.  Температурите и понатаму нема да се менуваат  и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени.


Недела 14.11.2021: Претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Особено попладне и навечер на запад ќе има услови за локален дожд.  Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 15 степени.