Понеделник 21.02.2022: Променливо облачно и понатаму натпросечно топло со сончеви периоди. Особено во попладневните и вечерните часови и во западните предели ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени, и истите ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО над просекот за овој период од годината.
Вторник 22.02.2022: Под влијание на влажен и постуден воздушен бран од север, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и истите локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ. На повисоките места и на планините врнежите од дожд полека ќе преминуваат во врнежи од снег, а услови за врнежи од снег ќе има и на некои места со помала надморска височина, особено во северните предели. Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните дневни ќе бележат тенденција на ЗНАЧИТЕЛЕН пад и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 14 степени во најтоплите предели.
Среда 23.02.2022: Променливо облачно и свежо со сончеви периоди, подолги во западните предели. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе бидат пониски за разлика од изминатите утрини, и истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 14 степени.
Понеделник 21.02.2022 Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Доцна попладне и навечер ќе има услови за повремен локален слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 19 степени.
Вторник 22.02.2022: Облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Во текот на денот ќе започне да дува и засилен ветер од северен правец, со што на повисоките места и на планините дождот ќе премине во врнежи од снег. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 12 степени.
Среда 23.02.2022: Променливо облачно со подолги сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -1 и 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 10 степени.
Понеделник 21.02.2022 Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 17 степени.
Вторник 22.02.2022: Облачно и значително посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе започне да дува засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 12 степени.
Среда 23.02.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 12 степени.
Понеделник 21.02.2022: Променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди и со умерен, повремено и локално и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 1 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Вторник 22.02.2022: Облачно и значително постудено со повремени врнежи од дожд. Ќе започне да дува засилен ветер од северен правец, со што ќе се создадат помали услови и за локална појава на мешавина од дожд и снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 9 степени.
Среда 23.02.2022: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, повремено и локално и засилен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 9 степени.