Вторник 22.03.2022: Сончево со умерена, повремено и локално и позначителна облачност. Ќе има услови и за сосема слаби и локални врнежи од дожд и снег на планините, особено во источните и во североисточните предели. Ќе биде и доста ветровито, односно ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури и понатаму насекаде ќе се спуштаат под нулата и истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 16 степени во најтоплите предели.
Среда 23.03.2022: Сончево со мала локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури и понатаму ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 16 степени.
Четврток 24.03.2022: Претежно сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури сеуште ќе бидат релативно ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -5 до -1 степен, додека максималните ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 19 степени.
Вторник 22.03.2022: Сончево со умерен, повремено и локално и позначителна облачност. Ќе дува и засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -4 и -3 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 9 степени.
Среда 23.03.2022: Сончево со мала локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени.
Четврток 24.03.2022: Претежно сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -3 и -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 14 степени.
Вторник 22.03.2022: Сончево со умерена, повремено и локално и позначителна облачност. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 11 степени.
Среда 23.03.2022: Сончево со мала локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -2 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 12 степени.
Четврток 24.03.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу -3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 16 степени.
Вторник 22.03.2022: Сончево со умерена, повремено и локално и позначителна облачност. Ќе дува засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени.
Среда 23.03.2022: Сончево со мала локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.
Четврток 24.03.2022: Претежно сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -5 до -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.
Постои можност од претрпување на штети од мал сразмер кај одредени видови на овошки (пр.бадем) поради минималните температури во текот на ноќта во појужните области од државата.