Тридневна временска прогноза (23.03.2022)

Тридневна временска прогноза (23.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 23 – 25 март 2022 година

 

Среда 23.03.2022: Сончево со мала локална облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури и понатаму ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

Четврток 24.03.2022: Претежно сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец, и истиот особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури сеуште ќе бидат релативно ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -5 до -1 степен, додека максималните ќе бидат ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени.

Петок 25.03.2022: Сончево и ТОПЛО преку ден. Особено Долж Повардарието и во источните предели ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.  Наутро температурите сеуште понекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени, додека максималните ќе бидат навистина ПРОЛЕТНИ и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени.