Тридневна временска прогноза (24.04.2021)

Тридневна временска прогноза (24.04.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 24 – 26 април 2021 година

Сабота 24.04.2021: Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужната половина од државава, на повисоките планини ќе има врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Недела 25.04.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.

 

Понеделник 26.04.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.