Тридневна временска прогноза (19.07.2021)

Тридневна временска прогноза (19.07.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 19 – 21 јули 2021 година

 

Понеделник 19.07.2021: Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат пониски за разлика од изминатите денови. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 8).

Вторник 20.07.2021: Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Температурите ќе бидат замо за некој степен повисоки. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 13 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени.  УВ ИНДЕКСОТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност (коефициент помеѓу 10 и 11).

Среда 21.07.2021: Сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а Долж Повардарието и на истокот повремено засилен ветер од северен правец. Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 10).