Петок 30.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Повремено ветерот на некои места ќе засилува. Температурите и понатаму остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ, и тоа поради влијанието на многу топлата воздушна маса од југ (северните предели на Африка). Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени. УВ ИНДЕКОСТ и понатаму ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).
Сабота 31.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурите остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).
Недела 01.08.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен и од северозападен правец, истиот доцна попладне и навечер Долж Повардарието ќе засилува. Температурите поради влијанието на МНОГУ ТОПЛАТА воздушна маса од северните предели на Африка, остануваат ЕКСТРЕМНО ВИСОКИ и значително над просекот. Минималните ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 23 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност (коефициент 9).
Петок 30.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец, истиот повремено и локално ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 18 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 37 и 38 степени.
Сабота 31.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 18 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 37 и 38 степени.
Недела 01.08.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 17 до 19 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 37 и 38 степени.
Петок 30.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 18 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 40 степени.
Сабота 31.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 19 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 40 степени.
Недела 01.08.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од јужен и од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 21 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 40 степени.
Петок 30.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и истиот повремено и локално ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 15 до 22 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 41 степен.
Сабота 31.07.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 21 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 41 степен.
Недела 01.08.2021: Сончево и ЕКСТРЕМНО ТОПЛО со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец, истиот доцна попладне и навечер локално ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 16 до 20 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 35 до 42 степени.
Поради високиот УВ индекс апел до сите земјоделци да водат грижа за своето здравје за време на работа !
Се препорачува користење на мрежа која создава засенчување за да ги заштити плодовите од јаките сончеви зраци.
Внимавајте на распоредот за иригација. Топлото време во комбинација со ветер значително го зголемува испарувањето на водата од почвата.