Петок 15.10.2021: Облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО со локални врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од СНЕГ. Ќе дува умерен ветер од северен и од северозападен правец и истиот особено Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Температурите остануваат да бидат потпросечни за овој период од годината и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 11 степени.
Сабота 16.10.2021: Променливо облачно и потопло со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Ќе има услови и за локален краткотраен слаб дожд. Температурите ќе бидат нешто повисоки за разлика од изминатите денови, и тоа поради продор на потопла воздушна маса од југ, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 16 степени.
Недела 17.10.2021: Променливо облачно и уште потопло со услови за сосема слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Температурите ќе бележат тенденција на понатамошен пораст, и минималните ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.
Петок 15.10.2021: Облачно и СТУДЕНО со врнежи од дожд и со умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 1 и 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 7 степени.
Сабота 16.10.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 4 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 11 степени.
Недела 17.10.2021: Променливо облачно и потопло со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 4 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 12 степени.
Петок 15.10.2021: Облачно и СТУДЕНО со врнежи од дожд и со умерен ветер од северен и од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 4 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 9 степени.
Сабота 16.10.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 14 степени.
Недела 17.10.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 15 степени.
Петок 15.10.2021: Облачно и СТУДЕНО со врнежи од дожд и со умерен ветер од северен и од северозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 0 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 8 степени.
Сабота 16.10.2021: Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 12 степени.
Недела 17.10.2021: Променливо облачно и потопло со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 13 степени.
Активностите на отворено се одложени поради временските услови. Количината на паднатиот дожд многу позитивно ќе влијае врз растворувањето на минералните ѓубрива и ќе овозможи добар старт на житариците кои што ќе се сејат.