Четврток 07.04.2022: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец, додека околу пладне и попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени, што значи дека истите ќе бидат повисоки за разлика од изминатите утрини, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.
Петок 08.04.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Ветерот повремено и тоа особено во западните предели ќе засилува на интензитет. Минималните температури остануваат релативно високи и ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните исто така ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 25 степени.
Сабота 09.04.2022: Сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Ветерот особено во западните предели повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури остануваат релативно високи и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени. Високи ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 26 степени.
Четврток 07.04.2022: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд, додека околу пладне и попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 7 и 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 19 степени.
Петок 08.04.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 3 и 4 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 19 степени.
Сабота 09.04.2022: Сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 4 и 6 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 20 степени.
Четврток 07.04.2022: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд. Околу пладне и попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 19 степени.
Петок 08.04.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 5 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 21 степен.
Сабота 09.04.2022: Сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 7 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 23 степени.
Четврток 07.04.2022: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и со умерен, повремено и локално засилен ветер од југозападен правец. Околу пладне и попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 17 степени.
Петок 08.04.2022: Сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 22 степени.
Сабота 09.04.2022: Сончево и ТОПЛО со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 24 степени.