Тридневна временска прогноза (16.03.2022)

Тридневна временска прогноза (16.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 16 – 18 март 2022 година

 

Среда 16.03.2022: Сончево и ЗНАЧИТЕЛНО ПОТОПЛО преку ден со умерена облачност. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -1 степен, што значи дека ќе бидат повисоки за разлика од другите утрини. Значително повисоки ќе бидат и максималните дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.

Четврток 17.03.2022: Променливо облачно со појава на локален дожд и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец и истиот Долж Повардарието повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури и тоа поради облачноста ќе бидат повисоки и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 7 степени, додека максималните ќе бидат малку пониски за разлика од изминатите два дена и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Петок 18.03.2022: Променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со услови за локални послаби врнежи од дожд и снег на ниските, и само од снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени и ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Среда 16.03.2022: Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец. Ветерот повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе се спуштаат до околу -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 13 и 14 степени.

Четврток 17.03.2022: Променливо облачно со услови за локален дожд и снег на планинските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени.

Петок 18.03.2022: Променливо облачно и ЗНАЧИТЕЛНО ПОСТУДЕНО со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, додека на планинските места ќе има врнежи само од снег, а ќе дува и слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималните темпераратури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 1 и 2 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 6 степени.