Петок 25.02.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Наутро сепак ќе биде релативно студено и минималните температури речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.
Сабота 26.02.2022: Сончево со мала до умерена облачност, додека доцна попладне и навечер облачноста ќе се зголемува и во вечерните часови, како и во текот на ноќта од запад ќе започнуваат врнежи од дожд и снег на пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.
Недела 27.02.2022: Облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Повремено услови за врнежи од дожд и од снег, или од влажен снег ќе има и на некои пониски места. Особено на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините истата ќе се зголемува. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе бидат ЗНАЧИТЕЛНО ПОНИСКИ за разлика од изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени.
Петок 25.02.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -4 и -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 11 и 12 степени.
Сабота 26.02.2022: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Доцна попладне и навечер облачноста ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе започнат врнежи од дожд и од снег, или влажен снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -2 и -1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 9 и 10 степени.
Недела 27.02.2022: Облачно со повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите ќе бидат од снег. Повремено услови за врнежи од дожд и од снег ќе има и на местата со помала надморска височина, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 4 и 5 степени.
Петок 25.02.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од западен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу -3 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 13 степени.
Сабота 26.02.2022: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Доцна попладне и навечер облачноста ќе се зголемува. Минималната температура ќе се спушти до околу 0 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 11 степени.
Недела 27.02.2022: Облачно со повремени врнежи претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Минималната температура ќе се спушти до околу 1 степен, додека максималната ќе се искачи до околу 8 степени.
Петок 25.02.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -6 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 12 степени.
Сабота 26.02.2022: Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Доцна попладне и навечер облачноста ќе се зголемува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 0 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 11 степени.
Недела 27.02.2022: Облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец. Повремено ќе има услови и за врнежи од дожд и од снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 8 степени.