Тридневна временска прогноза (02.03.2022)

Тридневна временска прогноза (02.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 2 – 4 март 2022 година

 

Среда 02.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со слаб до умерен, а попладне Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури и понатаму речиси насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 1 степен, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 8 степени, додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат и малку над 10 степени.

Четврток 03.03.2022: Сончево и малку потопло преку ден со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, и тоа во западните предели од југозападен, додека во останатите предели од северозападен правец. Ветерот особено Долж Повардарието и во источните предели повремено ќе засилува на интензитет. Минималните температури ќе бидат доста ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 2 степени во најтоплите предели, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 12 степени.

Петок 04.03.2022: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Особено од пладневните часови па натаму и тоа од запад ќе започнуваат нови врнежи претежно од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Снежната граница повремено има услови да се спушта и под 1000 метри. Минималните температури насекаде ќе бидат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -8 до -2 степени, додека максималните ќе бележат тенденција на мал пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 13 степени во најтоплите југоисточни предели од државава.