Вторник 03.05.2022: Променливо облачно и СВЕЖО со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец. Минималните температури нема многу да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 10 степени, додека максималните ќе бидат нешто пониски за разлика од оние кои ги имавме изминатите денови и ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 18 степени.
Среда 04.05.2022: Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови, особено во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе бидат ПОНИСКИ за разлика од изминатите утрини, и ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 22 степени, што значи дека ќе започнат да се покачуваат.
Четврток 05.05.2022: Претпладне сончево со мала локална облачност, додека попладне локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе бидат за некој степен пониски и ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.
Вторник 03.05.2022: Променливо облачно и СВЕЖО со услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 14 и 15 степени.
Среда 04.05.2022: Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 6 и 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 16 и 17 степени.
Четврток 05.05.2022: Сончево со мала локална облачност. Попладне ќе има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 6 и 7 степени, додека максималните ќе се искачат до околу 19 степени.
Вторник 03.05.2022: Променливо облачно и СВЕЖО со услови за повремен локален дожд. Ќе дува слаб ветер од северен и од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 9 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 15 степени.
Среда 04.05.2022: Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до околу 8 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 20 степени.
Четврток 05.05.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне мали се условите за локален краткотраен пороен дожд, проследен со грмежи и со засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до околу 6 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 21 степен.
Вторник 03.05.2022: Променливо облачно и СВЕЖО со услови за повремен локален дожд. Че дува слаб ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 5 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 15 степени.
Среда 04.05.2022: Сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 19 степени.
Четврток 05.05.2022: Сончево со мала локална облачност, додека попладне има услови за локална нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 4 до 8 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 22 степени.