Тридневна временска прогноза (05.03.2022)

Тридневна временска прогноза (05.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 5 – 7 март 2022 година

 

Сабота 05.03.2022: Претежно облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и снег на ниските и од снег на повисоките места и на планините. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, особено во попладневните и вечерните часови.  Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Минималните температури ќе бидат малку повисоки, но сепак на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.

Недела 06.03.2022:  Облачно и СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури нема да се менуваат и ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 7 степени.

Понеделник 07.03.2022: Променливо облачно и СТУДЕНО со повремени локални врнежи од дожд и снег на пониските, и само снег на повисоките места и на планините. Особено во западните предели ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.  Минималните температури нема многу да се менуваат и истите ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 10 степени.