Тридневна временска прогноза (12.03.2022)

Тридневна временска прогноза (12.03.2022)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 12 – 14 март 2022 година

 

Сабота 12.03.2022: Променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе има услови и за сосема слабо и локално провејување на снег и тоа особено во источните предели. Ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец, кој ќе засилува на интензитет и тоа особено Долж Повардарието и во источните предели. Минималните температури ќе бидат МНОГУ НИСКИ и насекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -12 до -3 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 6 степени.

Недела 13.03.2022: Променливо облачно и понатаму НЕВООБИЧАЕНО СТУДЕНО за овој период од годината со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Наутро температурите ќе бидат МНОГУ НИСКИ и ќе се спуштаат во интервалот од -13 до -6 степени, додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени.

Понеделник 14.03.2022: Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Утрото сеуште ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од -11 до -4 степени. Преку ден пак ќе биде потопло со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 11 степени.