Тридневна временска прогноза (12.04.2021)

Тридневна временска прогноза (12.04.2021)

Тридневна временска прогноза за Македонија, 10 – 12 април 2021 година

Понеделник 12.04.2021: Сончево и топло преку ден со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 5 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 23 степени.

Вторник 13.04.2021: Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југозападен и од југоисточен правец. Повремено ветерот на некои места ќе засилува а ќе има и повремени локални врнежи од дожд. Локално ќе има услови за нестабилност проследена со појава на грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 9 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени.

Среда 14.04.2021: Променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд, додека на високите планини ќе има услови за повремен снег. Ќе дува умерен, повремено на некои места засилен ветер, Долж Повардарието од северен и од северозападен, додека во западните предели од југозападен и западен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 9 степени, додека максималните температури ќе се искасчуваат во интервалот од 8 до 17 степени.

Понеделник 12.04.2021: Сончево и топло со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 3 до 5 степени, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 20 степени.

Вторник 13.04.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 6 до 8 степени, максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 18 степени.

Среда 14.04.2021: Променливо облачно со услови за повремен локален дожд и услови за ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од западен и од југозападен правец кој повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 5 степени, максималните ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени.