Сабота 19.06.2021: Сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Има услови и за локална појава на град. Температурите на воздухот и тоа под влијание на значително потоплата воздушна маса од југ, остануваат и понатаму високи, но сепак далеку од оние пеколни температури. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 31 степен.
Недела 20.06.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Температурите поради понатамошно влијание на топлата воздушна маса од југ ќе бидат и понатаму високи и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 18 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.
Понеделник 21.06.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Поради понатамошен продор на многу топлата воздушна маса од северните предели на Африка, температурите на воздухот ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.Сабота 19.06.2021: Сончево со умерена облачност. Попладне локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат до околу 14 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 25 и 26 степени.
Недела 20.06.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Попладне сосема се мали условите за краткотраен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 14 до 15 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 27 и 28 степени.
Понеделник 21.06.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и навечер има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 15 и 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат до околу 30 степени.
Сабота 19.06.2021: Сончево со умерена облачност. Попладне ќе има услови за нестабилност проследена со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 27 степени.
Недела 20.06.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен поравец и истиот повремено ќе засилува. Попладне има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до околу 16 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 29 степени.
Понеделник 21.06.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и навечер ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Минималната температура ќе се спушти до околу 14 степени, додека максималната ќе се искачи до околу 32 степени.
Сабота 19.06.2021: Сончево со умерена облачност. Попладне локално ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 27 степени.
Недела 20.06.2021: Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ,повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 11 до 16 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 29 степени.
Понеделник 21.06.2021: Променливо облачно со со сончеви периоди. Попладне и навечер ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер а можна е и локална појава на град. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 10 до 17 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 32 степени.
Зголемените дневни температури можат негативно да влијаат врз евапотранспирацијата на градинарските култури на отворено.
Наводнувањето треба да се извршува со посебно внимание бидејќи ќе имаме високи температури, засилен ветер и на некои места дожд од што ќе произлезат две сценарија. Едното е брзо сушење на почвата и зголемена транспирација на растенијата што може негативно да се одрази врз прогресот на градинарските култури, додека пак другото сценарио е извршено наводнување пропратено со не очекуван дожд и поттик за интензивен развој на патогени.